Партнерските компании веќе работат и на правење вакцина против омикрон во случај да има потреба
Компанијата „Фајзер“ денеска соопшти дека засилувачката доза на нејзината анти-ковид вакцина може да штити од сојот омикрон, новата варијанта на коронавирусот.
„Фајзер“ и неговиот партнер „Бионтек“ соопштија дека лабораториските тестови покажуваат дека бустер дозата ги зголемува таканаречените неутрализирачки антитела против омикрон за 25 пати.
Прелиминарни лабораториски податоци тие ги објавија во соопштение за медиумите, но тие сè уште не поминале научен тест.
Од „Фајзер“ наведуваат и дека две дози вакцини сè уште можат да создадат заштита од тешка форма на болеста.
„Иако две дози вакцина може да обезбедат заштита од тешка форма на болеста предизвикана од сојот Омикрон, од овие прелиминарни податоци е јасно дека заштитата е максимизирана со третата доза од нашата вакцина“,
наведува извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла во соопштението.
Партнерските компании веќе работат и на правење вакцина против омикрон во случај да има потреба.