Кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери, е позитивен на ковид-19, пренесуваат неколку медиуми.
„360 степени“ се обиде да контактира со Насер Зибери, но неговиот мобилен телефон беше исклучен. И од ДУИ засега не одговараат на прашањето дали е точна веста дека нивниот кандидат за премиер е инфициран со коронавирус. Бујар Османи не одговори на повиците и пораките на „360 степени“.
Во неколку медиуми на албански јазик се појавија и фотографии од Зибери како влегува во болницата „Систина“.
Официјално, сѐ уште не се знае зошто Зибери бил во „Систина“, како што покажуваат фотографиите.