Неколку лица се повредени во напад со нож во германскиот град Франкфурт, објавија тамошните медиуми, додавајќи дека за среќа никој не се наоѓа во сериозна состојба, а напаѓачот е уаспен.
Нападот се случил во близина на железничка станица околу 9 часот по локално време. Засега, бројот на повредени е тројца.
Полицијата започна истрага за да ги утврди мотивите за нападот, кои засега се непознати за јаноста. Се испрашуваат сведиците на нападот, а нема ниту детали за напаѓачот.
Медиумите шпекулираат со тероризам или со политички мотивирано насилство.
Германија е во состојба на готовност по серијата напади во последните неколку години. Во 2020 година се случија два напади, а последниот беше на 4 октомври, кога едно лице беше убиено, а друго сериозно повредено во напад со нож во центарот на Дрезден.