Најголем дел од пациентите со ковид-19 на кои им е потребна болнички третман засега се сместени на Инфективната клиника во Скопје, покажуваат последните податоци на Министерството за здравство.
Со денешните два нови пациенти примени на Kлиниката, вкупниот број на хоспитализирани е 69 пациенти. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина.
Во болницата „8 Септември“, пак, денеска се примени 9 нови пациенти, со што вкупно број на хоспитализирани е 31 пациент. Од нив 6 се на респираторна машина.
Во болницата во Битола, која со одлука на Министерството за здравство стана регионален центар за третман на ковид-19, во моментов се хоспитализирани 6 пациенти. Според здравствените власти, пациентите се стабилни, а еден од нив е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.
Поврзани вести:
Нови 68 случаи на ковид-19 во Македонија, најмногу во Куманово