Поплавите се годишен феномен во оваа југоисточна азиска земја со 33 милиони жители, предизвикани од североисточниот монсун, кој носи обилни дождови од ноември до март. Во истиот месец (декември), минатата година, земјата беше погодена од најтешките поплави во својата историја, кога животите ги загубија повеќе од 50 луѓе, а илјадници беа раселени
Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 70 000 се евакуирани откако поплавите предизвикани од монсуните достигнаа критично ниво северниот дел на Малезија, соопштија денеска властите во земјата, јавуваат агенциите.
Повеќе од 31 000 луѓе ги напуштија своите домови во државата Келантан, додека повеќе од 39 000 жители се евакуирани во привремени засолништа во соседниот Теренгану, откако поплавите започнаа викендов, објави официјалната новинска агенција на Малезија – Бернама.
Официјални претставници на службата за итни случаи соопштија дека пет лица ги загинале во поплавите.
„Нивото на водата достигна речиси три метри“,
изјави за АФП Мухамед Аменудин Бадрул Хисјам од областа Куала Краи во Келантан.
Според информациите на малезиската новинска агенција, дополнителни евакуации биле извршени во државите Паханг, Џохор и Перак, според вестите на Бернама.
Поплавите се годишен феномен во оваа југоисточна азиска земја со 33 милиони жители, предизвикани од североисточниот монсун, кој носи обилни дождови од ноември до март.
Во истиот месец (декември), минатата година, земјата беше погодена од најтешките поплави во својата историја кога животите ги загубија повеќе од 50 луѓе, а илјадници беа раселени.
Новиот малезиски премиер Анвар Ибрахим, кој треба да посети некои од погодените области денеска, рече дека неговата влада ќе ослободи дополнителни средства за управување со катастрофи и напори за спасување.
Анвар, кој е и министер за финансии, вчера во парламентот изјави дека владата првично доделила 400 милиони рингити (малезиската валута), односно околу 90 милиони американски долари на националната агенција за управување со катастрофи.