Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, потврди дека американските сили нападнале ирански воен брод кој учествувал во поморска вежба покрај индискиот брег. Според него, бродот е уништен од торпедо, што е првпат по Втората светска војна непријателски брод да биде потопен од подморница
Најмалку 87 морнари загинаа откако ирански воен брод беше нападнат со торпедо од американска подморница во близина на брегот на островската држава во Индискиот Океан, Шри Ланка.

Министерот за надворешни работи на Шри Ланка, Виџита Херат, изјави дека се пронајдени 87 тела на морнари и додаде дека потрагата продолжува во водите јужно од градот Гале.
Повредени се 32 морнари од бродот „ИРИС Дена“, кои се наоѓаат на болничко лекување во Гале. Бродот превезувал вкупно 180 члена на екипажот.
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, потврди дека американските сили нападнале ирански воен брод кој учествувал во поморска вежба покрај индискиот брег.
„Во Индискиот Океан, американска подморница потопила ирански воен брод кој мислел дека е безбеден во меѓународни води“,
изјави Хегсет пред новинарите во Пентагон.
Според него, бродот е уништен од торпедо.
„Ова е првпат по Втората светска војна непријателски брод да биде потопен од торпедо“,
додаде тој.
The War Department will not stop until Iran’s Navy is completely and utterly destroyed. pic.twitter.com/9uGsXEXbZZ
— Sean Parnell (@SeanParnellASW) March 4, 2026
Портпаролот на морнарицата на Шри Ланка, Будика Сампат, изјави дека заедничка операција за спасување е започната откако бродот испратил сигнал за помош.
„Пронајдовме луѓе како пловат во водата и ги спасувавме. Подоцна утврдивме дека тие биле дел од екипаж на ирански брод“,
рече тој.
Нападнатиот брод е дел од фрегата во Јужната флота на иранската морнарица.
Претходно бродот учествувал во мултинационалната поморска вежба „Милано 2026“ во Бенгалскиот Залив, а за време на нападот бил на пат кон дома.
Нападот доаѓа во време кога САД и Израел продолжуваат со воздушните напади врз Иран, во кои загина врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, и најмалку 866 други.
Според Фондацијата за маченици и ветерани на Иран, бројот на жртви се искачи на 1 045.
Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз американски цели во земјите од Заливот, при што се убиени шест американски војници.
