Надлежните ја разгледуваат можноста дали експлозијата во возот што се случи по судирот со товарниот воз е настаната поради плинските боци кои се пронајдени во еден од вагоните, пишуваат грчките медиумите

Бројот на потврдени лица што загинале во железничката несреќа кај Лариса изнесува 57. Досега се идентификувани 24 од жртвите и нивните тела се предаваат на семејства.
Четириесет и осум патници, пак, се хоспитализирани, а 56 се пријавени за исчезнати во грчката полиција. Спасувачките екипи денеска ќе ја продолжат потрагата, која според националната телевизија ЕРТ се очекува да заврши денеска.
Потрагата и подигање на остатоците од возот траеше до доцна синоќа, а денеска напорите на спасувачите се насочени кон третиот вагон.
Според телевизијата, во рамки на истрагата надлежните ја разгледуваат можноста дали експлозијата во возот што се случи по судирот со товарниот воз е настаната поради плинските боци кои се пронајдени во еден од вагоните.
Железничката несреќа се случи ноќта помеѓу 28 февруари и 1 март, кога патнички и товарен воз се судија во месноста Темпи кај градот Лариса бидејќи возеле по иста пруга во спротивна насока. Во рамки на истрага беше уапсен свртничарот од станицата во Лариса кој, како што објавија грчките медиуми, ја признал фаталната грешка дека упатил еден од возовите во погрешна пруга.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
(ВИДЕО) Безбедносни камери го снимиле судирот меѓу двата воза во Грција
Грчки медиуми: Свртничарот од Лариса призна вина – го испратил возот по погрешна пруга
Прогласена тридневна жалост во Грција по железничката несреќа
Мицотакис од Лариса: Можам да гарантирам само едно – ќе ја дознаеме причината за трагедијата
Прогласена тридневна жалост во Грција по железничката несреќа
Грчкиот министер за транспорт поднесе оставка: Не може да продолжиме како ништо да не се случило