Во меѓувреме во Њујорк повторно е одложено гласањето за нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара прекин на непријателствата во Газа за да се овозможи пристап до хуманитарната помош. Ваквиот исход доаѓа по неколкудневни тензични дипломатски несогласувања околу јазикот на текстот на нацрт-резолуцијата. Како што јави Би-би-си, гласањето е одложено за утре
Министерството за здравство во Газа кое е под контрола на Хамас соопшти дека повеќе од 20 000 луѓе се убиени во енклавата од 7 октомври кога Израел ги почна своите воени операции како одговор на нападите на Хамас, пренесуваат светските медиуми.

Според податоците на Министерството, во просек речиси 300 луѓе гинеле секој ден од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел, не сметајќи го седумдневниот прекин на огнот.
Регионалниот директор на Светската здравствена организација за итни случаи, Ричард Бренан рекол дека овие податоци за бројот на жртви ги смета за веродостојни, пренесува Регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, повикувајќи се на Би-би-си.
Лекарите во Газа велат дека бројот на загинати најверојатно ќе биде значително поголем бидејќи актуелните бројки не ги вклучуваат телата на луѓето чии тела се под урнатините на уништените згради или на оние кои не се пренесени во болница.
Повторно одложено гласањето за нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН
Во меѓувреме во Њујорк повторно е одложено гласањето за нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара прекин на непријателствата во Газа за да се овозможи пристап до хуманитарната помош. Ваквиот исход доаѓа по неколкудневни тензични дипломатски несогласувања околу јазикот на текстот на нацрт-резолуцијата.
Како што јави Би-би-си, гласањето е одложено за утре.
Тоа веќе двапати беше одложено бидејќи членовите бараат формулација со која би се избегнало вето од страна на САД, главниот сојузник на Израел. Текстот, кој првично бараше итен и траен прекин на непријателствата, сега алудира на суспендирање на борбите.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека нема да има прекин на огнот во Газа додека Хамас не биде целосно елиминиран.
„Нема да престанеме да се бориме додека не ги постигнеме сите цели што си ги поставивме – елиминација на Хамас, ослободување на нашите киднапирани и крај на заканата од Газа“,
рече израелскиот премиер.
Во видео изјава објавена од неговиот кабинет, тој посочи дека ќе ја продолжи војната до крај и дека секој што мисли дека ќе запре „нема врска со реалноста“.
„Сите терористи на Хамас, од првиот до последниот, се мртви луѓе. Тие имаат две опции – да умрат или да се предадат“,
порача Нетанјаху.
אנחנו ממשיכים במלחמה עד הסוף. היא תימשך עד לחיסול החמאס – עד לניצחון.
— Benjamin Netanyahu – בנימין נתניהו (@netanyahu) December 20, 2023
מי שחושב שנעצור לא מחובר למציאות. לא נפסיק את הלחימה עד להשגת כל המטרות שהצבנו: חיסול החמאס, שחרור חטופינו והסרת האיום מעזה.
אנחנו תוקפים את החמאס באש – אש תופת. בכל מקום, כולל היום. אנחנו גם תוקפים את… pic.twitter.com/O4yrBSiQGx
Неговата изјава уследи откако лидерот на Хамас, Исмаил Ханије пристигна во Египет на разговори за ново примирје во Газа, за ослободување на заложниците што ги држи неговата организација, како и испорака на повеќе хуманитарна помош на опколената територија.
Разговорите, како што пренесоа британските медиуми доцна вечерва повикувајќи се на висок палестински функционер, завршиле без резултат.
Официјалниот претставник за Би-би-си изјавил дека Египет предложил уште едно хуманитарно примирје, но од страна на Хамас била отфрлена идејата за привремено решение за војната.
Претставниците на Хамас рекле дека остануваат на ставот дека никаков договор за размена на заложници нема да се случи пред конечен прекин на огнот.
„Разговорите ќе продолжат, Египќаните се оптимисти околу можноста за пробив (во разговорите) во наредните денови, но свесни се дека ситуацијата е тешка и дека преговорите ќе бидат тешки и долги“,
рекол палестинскиот функционер за британскиот национален сервис.