Забен техничар го предизвика најтешкиот оружен инцидент во последните децении во земјата, а мотивите за нападот засега не се познати
Најмалку 16 лица се убиени во напад што траеше 12 часа во канадската провинција Нова Шкотска.
Габриел Вортман (51) пукал кон луѓе во неколку места во таа провинција, при што е убиена и една полицајка. Властите сè уште не утврдиле точен број на жртви и нивниот број може да се зголеми.
Ова е најтешкиот масакр во историјата на Канада. Во 1989 година во Монтреал беа убиени 14 луѓе.
Напаѓачот носел делови од полициска униформа и, наводно, користел еден автомобил кој наликува на патролен. Како што се наведува, тој не бил полициски службеник, туку забен техничар.
Вортман загинал по потера низ целата провинција. Засега не се познати мотивите за нападот и нема прецизни информации околу смртта на напаѓачот.