Најмалку 151 лице загинаа, а повеќе десетици се повредени во наплет на толпа на прослава на Ноќта на вештерките во јужнокорејскиот главен град Сеул, соопштија локалните власти.
Меѓу загинатите има и 19 странски државјани. Меѓу жртвите има луѓе од Иран, Норвешка, Кина и Узбекистан.
Трагедијата се случила во квартот за ноќен живот во Итаевон. Што ја предизвикало, засега не е јасно, но очевидци велат дека посетителите на забавата биле густо набиени во тесните улички во областа и дека било тешко да се движат наоколу.
Јужнокорејските власти добиле најмалку 3 580 пријави за исчезнати лица.