Со досега обработени 95 отсто од податоците, веб-страницата на Државната изборна комисија покажува дека вкупната излезност до 11 часот е 10,36 отсто. Досега гласале околу 180 илјади граѓани
Околу 25 отсто од гласачите во Новаци веќе го оствариле правото на глас, со што оваа општина засега е лидер во излезноста до 11 часот на денешните избори. Ова го покажуваат податоците на Државната изборна комисија, која на веб-страницата тековно и засега без проблеми, објавува податоци од текот на гласањето. Над 20 отсто излезност има и во Крива Паланка (20,40 %).
Од скопските општини, досега во Центар, Аеродром и Карпош гласале околу 10 отсто од гласачите. Повисок процент има Илинден (13, 45), додека пак во Арачиново и Сарај излезноста е 6, 94 односно 6,5.
Најниска излезност на гласање досега на територијата на Република Северна Македонија има во Врапчиште. Гласале само 4, 92 отсто од граѓаните со право на глас.
Во Битола излезноста е 13,22, Куманово 5, 88, Штип 14, 34, Струмица 10, 08, додека во Тетово излезноста е 6,89. Во Гостивар досега гласале 5,95 отсто од избирачите.
Со досега обработени 95 отсто од податоците, веб-страницата на Државната изборна комисија покажува дека вкупната излезност до 11 часот е 10,36 отсто. Досега гласале околу 180 илјади граѓани.
*ПОВРЗАНА ВЕСТ: ДИК со препораки: Скенерите за отпечатоци да се чистат, а граѓаните посилно да притискаат
*ПОВРЗАНА ВЕСТ: Граѓански реакции за биометриските уреди: „Тоа се фрлени пари, гласав со отисок од прст“