Според Европската агенција за животна средина (ЕЕА), жителите на повеќе од половина од 323 градови во кои се мери квалитетот на воздухот во текот на 2019 и 2020 година дишат загаден воздух
Иако во последните 10 години има значително подобрување на квалитетот на воздухот во Европа, најновата проценка на ЕЕА покажува дека изложеноста на ситни честички во 2018 година била причина за околу 417 000 предвремени смртни случаи во 41 европска земја
Шведскиот град Умео, финскиот Тампере и португалскиот Фуншал имаат најчист воздух во Европа, според Европската агенција за животна средина (ЕЕА).
Градови со најзагаден воздух се Нови Сонк во Полска, Кремона во Италија и Славонски Брод во Хрватска.
Жителите на повеќе од половина од 323 градови во кои се мери квалитетот на воздухот во текот на 2019 и 2020 година дишат загаден воздух, а повеќето од нив се наоѓаат во Полска и Италија.
Постојат 127 градови со добар квалитет на воздух, што значи дека на тие места нивото на ситни честички прашина со дијаметар помал од 2,5 микрометри (ПМ2,5) е под граничната вредност од 10 микрограми на метар кубен воздух, утврдено од Светската здравствена организација.
Во првите десет градови, со концентрација ПМ2,5 под пет микрограми на метар кубен, има уште два града во Шведска – Стокхолм и Упсала, три града во Естонија – Талин, Нарва и Тарту, како и норвешки Берген и Саламанка во Шпанија.
Европската унија постави 25 микрограми PM2,5 на метар кубен како годишна гранична вредност. Сите градови кои имаат повисоко ниво на PM2,5 отколку што се класифицирани во категоријата градови со многу слаб квалитет на воздухот.
Во оваа категорија има пет града: во Полска, во Хрватска и во Италија.
Иако во последните 10 години има значително подобрување на квалитетот на воздухот во Европа, најновата проценка на ЕЕА покажува дека изложеноста на ситни честички во 2018 година била причина за околу 417 000 предвремени смртни случаи во 41 европска земја.
Извршниот директор на ЕЕА, Ханс Бројнинкс изјави дека новото истражување за квалитетот на воздухот во градовите, што го започна ЕЕА минатата недела, им овозможува на граѓаните сами да увидат каква е состојбата во нивните градови во споредба со другите делови на Европа.
„Дава конкретни и локални информации што можат да ги поттикнат граѓаните да побараат од нивните локални власти да го решат овој проблем. Тоа ќе ни помогне на сите нас да ја постигнеме целта за нулта загаденост во ЕУ“,
рече Бројнинкс.