Директорот Небиу пред три дена кажа дека персоналот во Агенцијата е цел на закани поради имот кој е ставен на аукција, но не прецизира за кој имот станува збор. Инаку, во моментов на аукција е недвижен имот на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, конфискуван од државата по спроведувањето на правосилната пресуда во предметот „Империја“

Откако директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу пред три дена на прес-конференција кажа дека вработените во Агенцијата се цел на закани и вознемирувања поради обидите да го продадат конфискуваниот имот што во моментов е ставен на аукција, денеска партијата Алијанса за Албанците ги повикаа надлежните институции – МВР и обвинителство да ги истражат заканите и заканувачите да ги изведат пред правдата.
Портпаролот на Алијанса за Албанците, Арбен Зеќири, на денешната прес-конференција нагласи дека зад директорот на Агенцијата за управување со одземен имот стои целата Алијанса за Албанците, претседателството и сите членови на ова партија.
„Без резервно го поддржуваме нашиот директор кој неодамна како никој досега после цели 10 години успешно продава имот конфискуван од криминалци и корумпирани поединци. Секоја закана и секој обид за заплашување е неуспешен од самиот почеток. Директорот Дритон Небиу, Алијанса за Албанците и сите функционери избрани од Алијанса за Албанците нема да запрат, напротив, секој проект против криминалот и корупцијата ќе го реализираме успешно, секој одземен имот ќе се продава и парите ќе им се вратат на граѓаните до последен денар. Ниту се плашиме ниту се предаваме“,
рече Зеќири.

Директорот Небиу пред три дена кажа дека персоналот во Агенцијата е цел на закани поради имот кој е ставен на аукција, но не прецизира за кој имот станува збор.
Инаку, во моментов на аукција е недвижен имот на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, конфискуван од државата по спроведувањето на правосилната пресуда во предметот „Империја“.