Бројот на дијагностицирани лица со коронавирус ширум светот надмина 2 милиони, според податоците на „Ворлд о метер“.
Досега од коронавирусот починати се околу 132 илјади лица, а излекувани се нешто повеќе од половина милион пациенти.
Во моментов активни се еден милион и 400 илјади дијагностицирани и 640 илјади се водат како затворени случаи, односно излекувани и починати.
Засега, најмногу дијганостицирани случаи на ковид-19 има во САД со вкупна бројка од 622,923 пациенти и 27 илјади жртви.
Со нови 578 починати, Италија денеска бележи благ пад во однос на вчерашниот ден, кога беа регистрирани 636 жртви, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.
Меѓутоа, со вкупно 21.645 починати лица, Италија и натаму е на второ место во светот по бројот на жртви, веднаш по САД.