Процесот на потрага по исчезнати лица во Украина ќе продолжи со години, дури и по завршувањето на војната, вели програмскиот директор на Меѓународната комисија за исчезнати лица
Повеќе од 15 000 лица се водат како исчезнати во војната во Украина, изјави Метју Холидеј, програмски директор на Меѓународата комисија за исчезнати лица со седиште во Хаг, Холандија.
Комисијата, како што јавува Ројтерс, отвори канцеларија во Киев во јули, годинава за да и помогне на Украина да ги евидентира и да ги пронајде исчезнатите лица.
Холидеј вели дека не е јасно колку луѓе биле присилно префрлени и задржани во притвор во Русија , колку живеат одвоени од своите семејства или умреле и биле закопани во импровизирани гробници.
„Процесот на потрага по исчезнати лица во Украина ќе продолжи со години, дури и по завршувањето на војната“,
вели Холидеј во интервју за Ројтерс.
Во Киев, Меѓународната комисија за исчезнати лица собира примероци од ДНК и ги зајакнува капацитетите за повеќегодишен процес на пребарување, што треба да им помогне на обвинителите кои работат на случаите на воени злосторства.
„Она што е клучно сега е да се применат сите потребни мерки за да се осигури дека може да се идентификуваат што е можно повеќе луѓе“,
вели Холидеј.