Според последните податоци на Министерството за здравство, вкупната бројка на дијагностицирани со ковид-19 во земјава од почетокот на епидемијата се искачи на 111 077 лица.
Во моментов бројот на активни ковид-случаи изнесува 10 872 на целата територија во земјава. По градови најмногу активни случаи има во Скопје односно 5 258, а најмалку има во Македонска Каменица или само два активни случаи.
Според анализите на Институтот за јавно здравје, од 1 до 7 мартПроцентот на позитивни на дневно ниво се движен од 13,2 до 26,7 отсто или во просек 20,9 проценти.
Најголем број од новите случаи претходната недела се од Скопје – 48,3%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 во која припаѓаат 23 проценти од новите случаи.
Понатаму, во возрасната група од 30 до 39 години биле 20,1 отсто, од 40 до 49 години биле 17,8, од 50 до 59 години биле 17,4 и од 20 до 29 години биле 14 проценти од заразените.
Најмалку заразени има во групата од 10 до 19 години – 5,2 и кај децата до 9 години – 2,3 проценти.
Во текот на минатата недела се регистрирани 57 смртни случаи од 16 града, а тоа е намалување за 17,4 проценти во споредба со неделата претходно. направени се 21 090 тестирања за ковид-19 од кои се регистрирани 4 463 нови случаи. Тоа е зголемување за 23 проценти во однос на неделата претходно.