На зградата на Министерството за надворешни работи од утрово се поставени знамињата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Знамињата се поставени во пресрет на претседавањето на Северна Македонија со Организацијата од 1 јануари 2023.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи оваа недела кажа дека претседавањето со ОБСЕ идната година ќе биде одлична можност за земјава додавајќи дека „имаме што да ѝ понудиме на ОБСЕ и не случајно нѐ избрале за претседавачи“.
ОБСЕ како што вели министерот, е единствена организација каде заедно членуваат САД и Русија.
„ОБСЕ е тип организација во која сите одлуки се носат со консензус и заради новонастанатата состојба со војната во Украина, функционирањето на организацијата е исклучително отежнато што ќе биде голем предизвик за министерот Османи и македонското претседателство“,
вели Османи.
ОБСЕ е најголема безбедносна организација во која членуваат САД и Русија.