Според НАТО, Русија собрала меѓу 75 000 и 100 000 војници што доведува до стравувања од повторување на случувањата од 2014 година, кога Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим и почна да ги поддржува проруските сепаратисти во источна Украина
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе разговараат за нови потенцијални санкции за Русија, за да ја одвратат од инвазија врз соседна Украина, откако долж руско-украинската граница се поставени војници. Тензиите со недели растат поради зголеменото воено присуство на границата помеѓу Русија и Украина.
Според НАТО, Русија собрала меѓу 75 000 и 100 000 војници што доведува до стравувања од повторување на случувањата од 2014 година, кога Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим и почна да ги поддржува проруските сепаратисти во источна Украина.
Минатиот петок, украинската морнарица преку соопштение објави дека Русија блокирала речиси 70 отсто од Азовското Море, околу анектираниот украински полуостров Крим.
Министрите за надворешни работи на Г7 на состанокот изминатиот викенд се согласија дека Русија ако ја премине границата со Украина, тоа „ќе има огромни политички и економски последици“. Членките на ЕУ – Германија, Франција и Италија се исто така во Г7.
Минатиот вторини, американскиот и рускиот претседател одржаа видеосредба која траеше повеќе од два часа, на која разговараа за Украина и други спорови во американско-руските односи.
Според соопштението на Белата куќа, Бајден му рекол на Путин дека Западот е загрижен дека Русија ќе ја нападне Украина и предупредил на „силни економски и други контрамерки“ што ќе следат доколку Москва започне воен конфликт.
Европските сојузници на САД во разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден, по неговата видеосредба со рускиот лидер Владимир Путин, се согласија за потребата од постојан дијалог со Русија за да се ублажи нејзиното заканувачко однесување кон Украина.