Бајден разговараше со британскиот премиер Борис Џонсон, италијанскиот премиер Марио Драги, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, откако одржа видеосредба со рускиот претседател Владимир Путин за Украина
Европските сојузници на САД во разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден, по неговата видеосредба со рускиот лидер Владимир Путин, се согласија за потребата од постојан дијалог со Русија за да се ублажи нејзиното заканувачко однесување кон Украина.
„Лидерите ја истакнаа важноста Русија да го прекине своето заканувачки однесување кон Украина. „Тие се согласија за потребата од тековен дијалог со Русија за да се поттикне овој исход“,
соопшти британската влада, пренесува Ројтерс.
Лидерите исто така се договориле да останат во близок контакт, како и да ги координираат нивните пристапи кон ова прашање.
Бајден разговараше со британскиот премиер Борис Џонсон, италијанскиот премиер Марио Драги, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, откако одржа видеосредба со рускиот претседател Владимир Путин за Украина.
Американскиот и рускиот претседател во вторникот одржаа видеосредба која траеше повеќе од два часа, на која разговараа за Украина и други спорови во американско-руските односи.
Според соопштението на Белата куќа, Бајден му рекол на Путин дека Западот е загрижен дека Русија ќе ја нападне Украина и предупредил на „силни економски и други контрамерки“ што ќе следат доколку Москва започне воен конфликт.
По средбата Кремљ објави дека Путин го повикал Бајден да престане со практиката одговорноста за ескалацијата на ситуацијата околу Украина да се префрли на Русија и дека целиот разговор го оценил како искрен и деловен.