Најмногу снег има наврнато на Попова Шапка – 61 сантиметар, во Маврови Анови 16, во Ѓуриште шест, во Крушево пет, во Берово четири, и во Крива Паланка и во Дебар по два сантиметри
Минусни температури утринава се измерени на планинските места и во голем дел од градовите низ државата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На Попова Шапка се измерени -15 Целзиусови степени и снежна покривка од 61 сантиметар. Времето денеска е променливо облачно и многу студено. На повеќе места ќе дува засилен до силен ветер (над 70 км/час) од северен правец. Наместа во северните подрачја и на планините ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе достигне од -3 до 3 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и многу студено. Претпладне во делови од котлината ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 0 степени.
Утрово најладно беше на Попова Шапка со -15 степени, во Маврови Анови и Крушево се измерени -10 степени, во Берово -7, Претор -6, во Крива Паланка, Охрид, Прилеп и Дебар по -5, Битола -4, во Штип и Виница -3, во Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Струмица -2, во Скопје-Петровец и Демир Капија -1, во Дојран 0 и во Гевгелија 1 степен.
Најмногу снег има наврнато на Попова Шапка, и тоа 61 сантиметар, во Маврови Анови 16, во Ѓуриште шест, во Крушево пет, во Берово четири, и во Крива Паланка и во Дебар по два сантиметри.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Дебар, седум литри на метар квадратен, и во Крива Паланка пет.