Ширет Елези, поранешната заменик-министерка за финансии, е именувана за член на УО на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони
Поранешниот пратеник на СДСМ Хари Локвенец ќе биде в.д. директор на „Железничка инфраструктура“.
Владата, на вечерашната седница, заклучи да му препорача на Управниот одбор на ЈП за железничка инфраструктура – „Железници на Република Северна Македонија“ – Скопје да го именува за в.д. директор Хари Локвенец.
Ширет Елези, поранешната заменик-министерка за финансии, е именувана за член на УО на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. Олимпија Христова Заевска, пак, е разрешена од УО на оваа Дирекција.
Ова се само дел од кадровските прашања што е затворено на денешната владина седница:
-Владата донесе одлука Бејназ Арифи да го отповика од должноста член на Надзорниот одбор на АД за приредување игри на среќа – Скопје, во државна сопственост, а на негово место е именуван Скендер Мехмети.
– Владата ја прифати оставката од Јасмина Делчева Диздаревиќ и ја разреши од должноста член на Националната комисија за учебници.
– Владата ја прифати оставката од Дејан Ампев и го разреши од должноста в.д. заменик координатор на Национален координативен центар за гранично управување.
-Владата ја прифати оставката од Муса Ибраими и го разреши од должноста заменик на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, а на тоа место е именуван Арбен Ќерими.
-Владата ја прифати оставката од Зеќир Јакупоски и го разреши од должноста в.д. заменик на директорот во Центар за управување со кризи, по што на функцијата го постави Екрем Зендели.
-За државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Кичево е именува Назим Сулејмани, а за подрачјето на град Скопје Авдил Јонузи.
–На Јованка Ѓорѓеска ѝ е утврден престанок на функцијата државен правобранител за подрaчјето на Тетово, поради исполнување услови за стекнување право на старосна пензија. Владата донесе и предлог- одлука за распишување оглас за именување нов државен правобранител за подрачјето на Тетово, информира владината прес-служба.
-Владата, на денешната седница, го именува Сеадет Јусуфи за член на Управниот одбор на Центарот за стручно образование и обука.
-Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје, да ja избере Виолета Илиевска за в.д. заменик на директорот.
-На Управниот одбор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” – Скопје му е препорачано да го именува за в.д. заменик на директорот Брахим Ајвази.