Празничниот ден, но и годишните одмори и денеска придонесоа на граничниот премин „Богородица“ кон Грција да се формира колона од автомобили. Како што информира АМСМ, поради зголемена фреквенција на возила, на овој граничен премин за излез од државата се чека околу 40 минути.

Според АМСМ, на другите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.