Судијата Џолев беше избран на чело на „скопска единица“ во ноември 2017 година, кога за функцијата конкурираа уште шест судии, а за ова место се кандидираа судиите: Владимир Панчевски, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и Весна Димишкова
Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница треба да донесе одлука за определување вршител на должност – претседател на Основниот кривичен суд-Скопје.
Членовите на Судскиот совет треба да изберат в.д. претседател на скопскиот Кривичен суд, бидејќи минатата недела на актуелниот претседател на Судот, судијата Иван Џолев, му заврши мандатот.
На дневен ред на денешната седница се и барањето од судија во врска со утврден надоместок на трошоци за превоз, како и одлуката за престанок на судиска функција поради исполнување услови за старосна пензија.
Судијата Џолев беше избран на чело на „скопска единица“ во ноември 2017 година, кога за функцијата конкурираа уште шест судии: Владимир Панчевски, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и Весна Димишкова.