Тој им бил предаден на полициски службеници во полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка
На Граничниот премин „Деве Баир“, на излез од државата, денеска во 2:20 часот полициски службеници го лишиле од слобода А.Ч. (43) од Република Турција.
Како што соопштија од МВР, при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека А.Ч. приложил две фалсификувани зелени картони за товарно возило ДАФ и полуприколка „тирсан“ со турски национални ознаки кои ги управувал.
Тој им бил предаден на полициски службеници во полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.