Според најавите, украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров на утрешниот состанок преку видеоврска ќе ги информира сојузниците за ситуацијата на бојното поле и за приоритетните потреби на украинската армија
На барање на официјален Киев, генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг, за утре свика состанок на Советот на НАТО и Украина. Средбата, како што најави портпаролката на Алијансата, Фара Дахла, ќе се одржи на ниво на амбасадори.
Според најавите, украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров на утрешниот состанок преку видеоврска ќе ги информира сојузниците за ситуацијата на бојното поле и за приоритетните потреби на украинската армија.
„Утрешната средба се свикува по последните тешки руски напади врз украинските цивили и инфраструктура. Сојузниците од НАТО пружија значителна поддршка за воздушната одбрана на Украина и се решени да продолжат да ја зајакнуваат“,
изјави портпаролката на НАТО-алијансата.
Советот НАТО-Украина беше основан лани за да обезбеди поблиска координација помеѓу Алијансата и Киев.