Вчера 3 187 граѓани примиле трета, додека 734 прва доза
Во текот на вчерашниот ден се дадени вкупно 4 797 дози вакцини, од кои 734 се како прва доза, 876 се втора, а 3 187 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.
Заклучно со вчера, вкупно се вакцинирани 804 151 граѓанин, ревакцинирани се 774 464, а трета доза примиле 27 298 граѓани. Од граѓаните над 40-годишна возраст 54 отсто се ревакцинирани, а 33 отсто од граѓаните од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, кај полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.