28-годишниот С.К., кој управувал со тротинетот, е пренесен во Клиничкиот центар, каде што му се констатирани тешки телесни повреди
Патничко возило „фиат“ со скопски регистарски таблици, управувано од 33-годишен скопјанец со иницијали С.А., удрило во С.К. (28) од Скопје кој се возел со електричен тротинет. Како што соопшти полицијата, несреќата се случила на ул. „Менделеева“, а во СВР Скопје било пријавено во 11:53 часот.
По несреќата, С.А. со возилото го напуштил местото на настанот, а С.К. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза”, каде што му се констатирани тешки телесни повреди.
„Додека траел увидот од страна на полициски службеници од СВР Скопје, на местото на настанот дошол А.А. со возилото ‘фиат’ и појаснил дека возилото во моментот на несреќата го управувал неговиот брат С.А.. Подоцна С.А. е пронајден, известен е јавен обвинител и по негови насоки возилото е одземено за технички преглед, а против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава“,
соопшти МВР.