Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денешниот ден поминал во мирна и фер изборна атмосфера.
„Денеска имаме вкупно, за речиси 32 проценти, помалку пријави на настани отколку од изборите во јули 2020 година. Денеска се пријавени 114 настани, од кои најголемо намалување од 67 отсто е забележано кај пријавите за поткуп на гласачи. 83 настани биле поврзани со агитирање кај гласачи, од кои 14 се отфрлени како неосновани. За изборен поткуп имаме 10 настани, три се отфрлени како неосновани. Вербални настани се три“,
изјави на вечерашната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Според него, денеска граѓаните покажале дека демократијата станува дел од културата на граѓанското општество.