Во период од август 2021 година до мај 2023 година, сега кривично пријавените, како дел од меѓународна криминална група организирана од лица за кои веќе е поднесена кривична пријава, биле ангажирани во улога на лица кои го вршеле прифаќањето и превезувањето на лицата – илегални мигранти на територија на Р Бугарија и Р Унгарија, информираат од полицијата
Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) поднесе кривична пријава против шест лица за сторено кривично дело организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти на територија на Р Бугарија и Р Унгарија, соопштија денеска од МВР.
Кривична пријава е поднесена против Ц.Н. (23), А.М. (23), И.Б. (20), тројцата од Охрид, како и против А.С. (23), Ф.З. (21), двајцата од Кратово и Б.Д. (25) од Куманово.
„Во период од август 2021 година до мај 2023 година, со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, сега кривично пријавените, како дел од меѓународна криминална група организирана од лица за кои веќе е поднесена кривична пријава, биле ангажирани во улога на лица кои го вршеле прифаќањето и превезувањето на лицата – илегални мигранти на територија на Р Бугарија и Р Унгарија. На кривично пријавените за успешно извршено криумчарење на мигранти им бил исплаќан паричен надомест во висина од 1 000 до 3 000 евра, во зависност од земјата во која требало да го вршат прифаќањето и превезувањето на илегалните мигранти“,
се појаснува во соопштението од МВР.