Полицијата регистрира 359 прекршоци по однос на мерката за носење маска на лицето за заштита од пренесување на коронавирусот во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата земја.
Од Министерството за внатрешни работи денеска апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.