Од полицијата информираа дека Давчев бил пријавен за исчезнат на 9 декември, по што веднаш биле преземени мерки и активности за негово пронаоѓање. Младото момче, додаваат од полицијата, на 6 декември влегол во Бугарија каде што живее неговата мајка, но сè уште се работи на случајот
Од утрово на социјалната мрежа Фејсбук масовно се споделува апел за исчезнат 29-годишник од Струмица. Според објавата, станува збор за Марко Давчев кој исчезнал пред една недела.

Апелот го сподели и „Струмица денес“ на својот фејсбук-профил.
Од полицијата информираа дека Давчев бил пријавен за исчезнат на 9 декември, по што веднаш биле преземени мерки и активности за негово пронаоѓање. Младото момче, додаваат од полицијата, на 6 декември влегол во Бугарија каде што живее неговата мајка, но сè уште се работи на случајот.
„Во врска со објавите на социјалните медиуми за лице М.Д.(29) од Струмица, кое се оддалечило од домот во Струмица, пријавено во Полициската станица Струмица на 9.12.2023 од страна на неговиот татко Т.Д. (64), ве известуваме дека од страна на СВР Струмица веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање. Меѓу другото, извршени се проверки на граничните премини кон Бугарија, земја во која лицето редовно одело во посета на својата мајка, при што е утврдено дека М.Д. остварил излез од државата на 06.12.2023 во 18:20 часот на Граничен премин ‘Ново Село’. Се преземаат и дополнителни мерки за расчистување на случајот“,
информираа од МВР.