За време на забраната за движење во текот на вчерашниот ден полицијата во Скопје уапсила едно лице поради сомнение за сторено кривично дел „тешка кражба“. За истото кривично дело гонат и 21 годишна девојка уапсена во Чаир.
„На 11.04.2020 во 16.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Филип Втори Македонски“, за време на забраната за движење, го лишиле од слобода П.Н.(41) од с.Кучевиште, скопско, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“.
Во 09.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Чаир, за време на на забраната за движење, ја лишиле од слобода Е.Е.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба““,
стои во соопштението на МВР.
Од МВР додаваат дека во изминатото деноноќие на ниво на цела држава 138 лица не ја почитувале забраната за движење, а од нив приведени биле 121 лице.
За останатите се земени податоци и ќе следуваат санкции.