Заинтересираните кандидати задолжително треба да достават докази за исполнување на потребните услови за работното место, а кон пријавата, меѓу другото, треба да достават и своерачно потпишана изјава со која потврдуваат дека не се членови на политичка партија или на нејзините органи
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска го објави јавниот оглас за вработување на 600 нови полициски службеници. Најголем број службеници, односно 300, се бараат за СВР Скопје.
Огласот во СВР Охрид е отворен за нови 30 полициски службеници, а по 15 за Секторите за внатрешни работи Куманово, Битола и Велес. Во СВР Струмица повикот е отворен за 40 нови полициски службеници, 35 места се отворени во СВР Штип, а во тетовската полиција огласот е отворен за нови 20 службеници.
Во Регионалниот центар за гранични работи Север повикот е отворен за 25 полициски службеници, по 20 за Регионалниот центар за гранични работи Запад и Регионалниот центар за гранични работи Исток и во Регионалниот центар за гранични работи Југ за 15 службеници. Во Одделот за специјални полициски операции ќе се примат 50 полициски службеници.
Условите кои треба да ги исполнуваат кандидатите се објавени на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи, на следниот ЛИНК.
Заинтересираните кандидати задолжително треба да достават докази за исполнување на потребните услови за работното место, а кон пријавата, меѓу другото, треба да достават и своерачно потпишана изјава со која потврдуваат дека не се членови на политичка партија или на нејзините органи.
Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот.