Тој ова го истакна при посетата на штабот во рамки на Оперативната акција „ОБСЕ 2023“ кој има за цел организирање и координирање на активностите за безбедно одржување на состанокот. Посочи дека на земјава се ставени огромни надежи и дека одржувањето на состанокот на ОБСЕ е сериозен предизвик за службата и државата, но дека МВР е целосно подготвено за предизвикот
Повеќе од сигурен сум дека како служба и како држава ќе се прикажеме на најдобар начин, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред утрешниот официјален старт на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје на кој ќе учествуваат над 70 странски делегации.

Тој ова го истакна при посетата на Штабот во рамки на Оперативната акција „ОБСЕ 2023“ кој има за цел организирање и координирање на активностите за безбедно одржување на состанокот.
Посочи дека на земјава се ставени огромни надежи и дека одржувањето на состанокот на ОБСЕ е сериозен предизвик за службата и државата, но дека МВР е целосно подготвено за предизвикот.
„Многу е важно како нѐ перципираат на ниво на меѓународна заедница. Вчера учествував на конференција во Европската комисија во Брисел, каде што оценката за МВР е во суперлативи за сите достигнувања, за професионалноста на полицијата, и тоа пред министри од целиот свет. Перцепцијата укажува на тоа дека Северна Македонија има сериозен кредибилитет и капацитет, меѓу другото, и поради Самитот на ОБСЕ во Скопје. Тоа во дипломатијата се толкува како почеток кога сите седат на иста маса. Затоа одговорноста е уште поголема сѐ да помине во најдобар ред“,
рече Спасовски.
При посетата на Штабот, Спасовски бил информиран дека службите ги преземаат сите потребни безбедносни мерки и активности во пресрет на одржување на состанокот, а оти тимови на СВР Скопје, на Одделот за специјални полициски операции, Одделот за гранични работи и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, се на терен и постапуваат според планот.