Со огледа на продолжениот викенд за време на празникот Велигден и можноста многу граѓани да се упатат кон своите викендички или станови во туристичките места, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев апелира граѓаните да ги организираат своите обврски до 16 часот во петок и притоа навреме да пристигнат до дестинацијата.
„МВР ќе ги преземе сите неопходни работи и активности со цел непречено одвивање на сообраќајот непосредно до почетокот на полицискиот час“, рече министерот Чулев на прес-конференцијата.