Полицијата вечерва соопшти детали за видеото објавено на социјалните мрежи, на кое се гледа како маж се движи со нож во рацете и им се заканува на минувачи
Приведен е битолчанец што со нож му се заканувал на државјанин на Австралија на Широк сокак, информира вечерва Министерството за внатрешни работи (МВР).
„М. Ш. (36) е лишен од слобода на улицата ‘Свети Кирил и Методиј‘ во Битола. Претходно, пред угостителски објект на улицата ‘Широк сокак‘ со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија“,
се вели во полициското соопштение.
Против осомничениот, според полицијата, ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница.
На видеото објавено на Фејсбук од ТВ 21, се гледа како маж, држејќи нож во рацете, се движи меѓу минувачи. Потоа ножот го става во појасот на панталоните.