Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, смета дека принципот победник со победник не важи за ВМРО-ДПМНЕ затоа што е веќе нарушен од ДУИ во 2016 година. Муцунски вели дека посакуван коалициски партнер се опозициските партии на Албанците, а целта на ВМРО-ДПМНЕ е да се стигне до 61 пратеник и повеќе.

фото: 360 степени
Според Муцунски и анкетите покажуваат дека опозициските партии на Албанците се доближуваат до ДУИ, а може и да го надминат.
„Принципот победник со победник беше нарушен од страна на ДУИ во 2016 година, што значи дека истиот веќе не треба да се применува. Наш посакуван партнер, и тоа јавно го кажуваме, е коалицијата од албанската опозиција. Анкетите на јавното мислење и тие анкети кои внатрешно ги гледаме и тие кои се објавуваат покажуваат дека веќе навистина со рејтинг се доближуваат, а можеби и ќе го надминат ДУИ, но на граѓаните е да одлучат каков ќе биде резултатот“,
изјави Муцунски за ТВ Сител.