Денеска во Џеда, Саудиска Арабија, под милосрдното гостопримство на престолонаследникот Мохамед бин Салман, Соединетите Држави и Украина презедоа важни чекори кон враќање на трајниот мир за Украина, информираа во заедничка изјава делегациите на Киев и Вашингтон
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, на социјалната мрежа Икс го поздрави постигнатиот договор меѓу украинската и американската делегација постигнат денеска во Џеда, Саудиска Арабија.
„Го поздравувам значителниот напредок кон мирот во Украина, овозможен од лидерството на САД и издржливоста на украинскиот народот. Трајниот прекин на огнот е на дофат – сега е време сите страни да се ангажираат конструктивно и да стават крај на војната“,
порача Муцунски.

Денеска во Џеда, Саудиска Арабија, под милосрдното гостопримство на престолонаследникот Мохамед бин Салман, Соединетите Држави и Украина презедоа важни чекори кон враќање на трајниот мир за Украина, информираа во заедничка изјава делегациите на Киев и Вашингтон. Претставниците на двете нации, се додава во соопштението, ја пофалија храброста на украинскиот народ во одбрана на својата нација и се согласија дека сега е време да се започне процес кон траен мир.
Делегациите разговарале и за важноста на напорите за хуманитарна помош како дел од мировниот процес, особено за време на прекинот на огнот, вклучително и размена на воени заробеници, ослободување на цивилни затвореници и враќање на насилно префрлените украински деца.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за „конструктивноста на разговорите меѓу нашите тимови“ кои се одвиваа денеска во Џеда, Саудиска Арабија.
Во видео-обраќање, Зеленски повтори дека украинската позиција е да го прифати денешниот американски предлог за прекин на огнот на небо, море и на фронтот.