Ибраими претходно бил пратеник од ДУИ во пратеничкиот состав 2014–2016
Муса Ибраими од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе седне на пратеничкото столче и ќе го замени актуелниот пратеник и собраниски спикер Талат Џафери во моментот кога тој се очекува да биде предложен и избран за премиер на техничката влада на сто дена пред изборите.

Ова го соопшти Џафери на денешниот, последен брифинг со новинарите за оваа календарска година.
Џафери информира дека следен на изборната листа бил актуелниот министер за образование и наука Јетон Шаќири, но оти тој останува на актуелната функција.
Ибраими претходно бил пратеник од ДУИ во пратеничкиот состав 2014–2016.