Сметките на сите компании што имаат долг кон АД МЕПСО се блокирани, а приливите што легнуваат на нивните сметки автоматски доаѓаат во АД МЕПСО, рече денеска генералниот директор на АД МЕПСО, Орхан Муртезани.
Според него, Регулаторната комисија за енергетика е при крај на усвојување на новите пазарни правила согласно кои МЕПСО ќе има увид на дневна основа меѓу најавената и остварената потрошувачка.
„Во случај на флуктуација, ќе имаме можност да интервенираме и да не дозволиме финансиски реперкусии врз фирмата“,
рече Муртезани.
Од друга страна, додаде тој, јавноста е навреме информирана дека во април, при обновување на договорите со учесниците на пазарот, ставивме извршна клаузула која ќе избегне долги судски процедури со кои само ќе губиме време и нема да наплатиме средства.