Во услови на ескалација на тензиите со Украина, можен е кибернапад на банките поддржан од Русија, предупредува Европската централна банка
Европската централна банка (ЕЦБ) ги подготвува банките за можен кибернапад поддржан од Русија во услови на ескалација на тензиите со Украина.
Конфликтот меѓу Русија и Украина ги потресе политичките и деловните лидери кои стравуваат од инвазија која ќе му наштети на целиот регион. Затоа ЕЦБ, на чело со поранешната француска министерка Кристин Лагард, која ги надгледува најголемите европски кредитори, е во состојба на готовност поради заканата од кибернапади преземени од Русија.
Досега ЕЦБ беше фокусирана на вообичаените измами за време на пандемијата, но кризата во Украина го насочи вниманието кон кибернападите од Русија.