Руското МНР остро реагира на одлуката на бугарските власти за протерување 70 руски дипломати и административци
Ваквиот потег на Софија, Москва го смета за обид за „разорен удар“ на билатералните односи меѓу двете земји.
Според портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, мерката не е во интерес на Бугарија и нејзините граѓани, туку е резултат на наредба на надворешни сили.
„Се разбира, го задржуваме правото на одмазднички, политички и дипломатски мерки, вклучително и оние од асиметрична природа. Во исто време, ние сме сигурни, а сакам народот во Бугарија да го слушне ова, дека никој не може да ги прекине вековните врски на културната и духовната заедница што ги врзува народите на Русија и Бугарија. Порано или подоцна ќе преовлада здравиот разум. Сигурни сме дека тоа е направено по наредба однадвор, спротивно на волјата, желбата и аспирациите на бугарскиот народ“,
изјави Захарова на денешната прес конференција.
По протерувањето на 70 дипломати и административен персонал Русија затвори два конзулати во Бугарија.