Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во близина на германската фабрика Дрекслмаер во Кавадарци, потврдил за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Тој рекол дека засега не може да даде повеќе детали, бидејќи во тек е увидот на местото на настанот.
Од Брзата помош во Кавадарци потврдиле дека едно лице на возраст од 28 години е починато, а сообраќајката била меѓу трактор и автомобил