До македонските граѓани што се наоѓаат во земјите со вложена безбедносна состојба, ресорното министерство апелира тие за детални информации да се обратат во амбасадите или претставништвата во Доха и Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани што се наоѓаат на териториите на земјите од Блискиот Исток да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји.
Исто така, се апелира и македонските граѓани да се воздржат од патувања кон земјите во овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.

МНР ги повикува македонските граѓани што се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати за сите потребни информации или прашања да се обратат до надлежните амбасади во Доха и Абу Даби.
Оттаму ги наведуваат контактите на дипломатско-конзуларните претставништва и дежурните служби на Блискиот Исток, каде македонските граѓани можат да се обратат:
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546
Е-пошта: [email protected]
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Е-пошта: [email protected]
Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111
Е-пошта: [email protected]
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: [email protected]
Претходно, МНР соопшти дека преку Амбасадата во Тел Авив, останува во постојана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани сè до нивната безбедна евакуација.