Украинските власти можат веднаш да ја повлечат помошта од 900 милиони американски долари, со што вкупните средства на ММФ за Украина годинава се зголемија на 4,5 милијарди американски долари
Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) вчера одобри исплата на 900 милиони американски долари за Украина и нејзините потреби за време на руската агресија врз таа земја.
Ова е втора ревизија на кредитната програма за Украина, а во исто време директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во понеделникот се сретна со претседателот на Украина Володимир Зеленски. Дополнително, таа му потврдила на Зеленски дека Извршниот одбор на ММФ е едногласен во поддршката на неговата земја освен, се разбира, на една земја, а тоа е Русија.
„И покрај деликатните времиња и тешката ситуација, украинската економија се покажа како отпорна дури и за време на руската инвазија и агресија што продолжува. Очекувам продолжување на закрепнувањето, а клучот во сè е надворешното финансирање, кое мора да продолжи на навремена и предвидлива основа“,
рече Георгиева.
Украинските власти можат веднаш да ја повлечат споменатата помош од 900 милиони американски долари, со што вкупните средства на ММФ за Украина годинава се зголемија на 4,5 милијарди американски долари.