Дваесет и двегодишно момче од долнореканското село Ростуше го загуби животот со давење во водите на Радика.
Според СВР-Тетово, вчера, 19 мај 2021, околу 17 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека по течението на реката Радика, на место викано Влог, Oпштина Маврово и Ростуше, било пронајдено телото на Б.А.(22) од село Ростуше.
По пријавата била повикана екипа на Противпожарната единица-Дебар која го извадила телото од реката, а лекар констатирал смрт.
Увид на местото извршила екипа од ОВР-Гостивар и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.