Министерката за труд и социјална политика во техничката влада, веднаш по нејзиниот избор, се обрати преку социјалните мрежи. Преку „фејсбук“-статус таа соопшти дека секој орган на државната управа, како дел од извршната власт, е основан за областите и подрачјата кои се од значење за ефикасно остварување на правата и должностите на граѓаните и правните лица.
Завршува периодот кога четиричлено македонско семејство ќе треба да живее со 17.000 денари. Само со честитост, законитост и меѓусебно почитување може да се постигне тоа. Ние можеме и имаме доволно ресурси да успееме!! Мотивот е огромен, а предизвиците се пред нас,
напиша техничката министерка Рашела Мизрахи на „фејсбук“.
Мизрахи вчера во законодавниот дом беше избрана за министер за труд и социјална политика во техничката влада предводена од Оливер Спасовски, а на оваа позиција ќе остане до објавување на конечните резултати од превредемените парламентарни избори.