Поради развојот на ситуацијата околу Украина, грчкиот премиер утрово го свика владиниот Совет за национална безбедност
Поради ситуацијата во Украина, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за утрово закажа вонреден состанок на владиниот совет за национална безбедност. На состанокот ќе присуствува и министерот за животна средина и енергија Костас Скрекас, јави МИА од Атина.
За напладне беше планирано Мицотакис да даде интервју за спортско радио, меѓутоа од неговиот кабинет синоќа соопштија дека поради последните случувања во Украина, интервјуто се одложува и најавија дека ќе го свика владиниот Совет за национална безбедност.