Околу 14 милијарди денари се веќе инвестирани како капитални инвестиции од централниот Буџет, така што очекувам капиталните инвестиции до крајот на годината да продолжат се реализираат, бидејќи ја знам каква е динамиката, а од друга страна да има доволно за плати, за пензии, за социјални трансфери. Обврските кои што ги имаме оваа година со камати треба да ги вратиме, околу три милијарди евра, некои стари задолжувања, рече Мицкоски
Се уште траат консултациите помеѓу Министерството за финансии и ресорите, но генерално ќе гледаме да направиме едно оптимално решение со коешто ќе имаме доволно и за капитални инвестиции, рече премиерот Христијан Мицкоски. Според него, имајќи ги в предвид случувањата во светот и состојбата во другите држави, во земјава ударот врз Буџетот не е толку голем. Досега има околу 230 милиони евра капитални инвестиции, посочи Мицкоски.
„Околу 14 милијарди денари се веќе инвестирани како капитални инвестиции од централниот Буџет, така што очекувам капиталните инвестиции до крајот на годината да продолжат се реализираат, бидејќи ја знам каква е динамиката, а од друга страна да има доволно за плати, за пензии, за социјални трансфери. Обврските кои што ги имаме оваа година со камати треба да ги вратиме, околу три милијарди евра, некои стари задолжувања. Генерално, состојбата се разбира дека е тешка, но сега ние нема да очајуваме, нема да се жалиме“,
рече Мицкоски.
Премиерот ги негираше обвинувањата од опозицијата дека ликвидноста на државата е доведена во прашање.
„Ја ограбија државата, ја оставија ограбена со празна каса, уништена, девастирана и сега после две години откако конечно ја консолидиравме, почнавме сериозно да ги враќаме долговите што тие ги ограбија, па го пренесоа во странски држави, сега од минатата година слушам ќе сме банкториле 2025-та, помина 2025-та, сега ќе сме банкнотирале 2026. Едно е точно дека ја ограбија државата и ја оставија со празна каса и со долгови. Затоа се тие таму каде што се и затоа после следните избори, претпоставувам, нема да бидат повеќе политички значајни за да можеме да ги следиме овие нивни небулози и лаги“,
додаде Мицкоски.
На прес-конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска порача дека загрижувачка е состојбата со Буџетот и финансиите. Според него, на државата ѝ се заканува финансиски крах поради лошо менаџирање и дилетанството на власта. Тој порача дека има стагнација платите, а нема ниту раст на минилмалната, ниту на просечната плата. Последен индикатор, како што рече тој, е новото задолжување на Владата.
„Побарале 300, а добиле само 260 милиони евра. Страшно голема каматаната стапка, многу блиска на домашните банки 4,57 проценти и пари кои не ги обезбедува една финансиска институција туку конзорциум, групација на повеќе финансиски институции. Нема поголем индикатор дека кредитниот рејтинг на земјава е нарушен и дека ни банките не веруваат на оваа држава“,
рече Филипче.
