Побарале 300, а добиле само 260 милиони евра. Страшно голема каматаната стапка, многу блиска на домашните банки 4,57 проценти и пари кои не ги обезбедува една финансиска институција туку конзорциум, групација на повеќе финансиски институции. Нема поголем индикатор дека кредитниот рејтинг на земјава е нарушен и дека ни банките не веруваат на оваа држава, рече Филипче
Загрижувачка е сосотојбата со буџетот и финансиите, на државата ѝ се заканува финансиски крах поради лошо менаџирање и дилетанството на власта, обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче. На денешната прес-конференција тој порача дека има стагнација платите, а нема ниту раст на минилмалната, ниту на просечната плата. Последен индикатор, како што рече тој, е новото задолжување на Владата.
„Побараа 300 милиони евра затоа што треба да ја пополнат огромната дупка во буџетот. Дефицитот расте, инфлацијата расте, огромна е разликата на приходната и расходната страна“,
рече Филипче.

Според него проблематично е што предлог-законот за заемот е по скратена постапка, а дополнително, државата, како што рече, за прв пат не добива толку пари колку што побарала од банките.
„Побарале 300, а добиле само 260 милиони евра. Страшно голема каматаната стапка, многу блиска на домашните банки 4,57 проценти и пари кои не ги обезбедува една финансиска институција туку конзорциум, групација на повеќе финансиски институции. Нема поголем индикатор дека кредитниот рејтинг на земјава е нарушен и дека ни банките не веруваат на оваа држава“,
вели Филипче.
Филипче додаде и дека вкупните долгови од 2024 година до сега се зголемени за нови две милијарди евра.
„Од 8,4 милијарди евра колку што беше задолжувањето на земјата, долгот расте на 11 милијарди евра, тука влегува и криминалниот заем на кинески пари преку Унгарија од една милијарда евра. Се користат сите механизми за да се испумпуваат пари од буџетот кон партиските фирми на ВМРО криминалната група, и ништо друго не е суштина на овој тип на задолжување во изминатите две години“
додаде претседателот на СДСМ.
